Шанса за работа: Црна Гора бара 10.000 сезонски работници

Во Црна Гора предвидено е ангажирање на повеќе од 10.000 лица од евиденцијата на невработени за сезонска работа, а работодавачите нудат заработка од 300 до 800 евра, соопшти црногорскиот Завод за вработување.

Заводот деновиве посредува во изборот на сезонска работна сила и за потребите на работодавачите „Каризма Адриатик“ и „Будванска ривиера“.

– Заработката се движи помеѓу 300 и 800 евра, во зависност од видот на работата. Обезбедено е сместување и два оброци во текот на смената, соопшти Заводот.

Потребни се рецепционери, собрарки, хигиеничари, келнери, бармени, готвачи, работници во кујна, работници за набавка, магационери…