Трамп на Твитер: Нападот на Сирија беше совршено изведен

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер порача дека со нападот на Сирија мисијата била исполнета.
„Совршено изведен напад минатата ноќ. И благодарам на Франција и на Британија на нивната мудрост и сила на неговата добра војска. Не можевме да имаме подобри резултати. Мисијата е исполнета“, напишал Трамп на својот Твитер.