Турција ги поздрави нападите врз Сирија

Турската влада ги поздрави ударите на САД и сојузниците врз режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, оценувајќи ги како соодветен одговор на наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума.
„Ја поздравуваме оваа операција која ја изразува совеста на човештвото по нападот во Дума, за што постои сериозно сомневање дека е извршен од страна на режимот во Сирија“, се вели во официјалното соопштение од страна на турското министерство за надворешни работи.