Над 100 Сиријци бараат азил во Албанија

Голем број на државјани на земјите од блискиот исток последно време влегуваат во Албанија а потоа го продолжуваат својот пат за влез во земјите на ЕУ. Сепак има и такви кои побараа азил во Албанија .

Според албанските власти моментално над 1оо Сиријци бараат азил во Албанија. Албанската телевизија ,,Топ Чанел,, информираше дека тие се сместени во Националниот центар за пречекување на азиланти во Бабру , и се упорни во барањето на азил во Албанија .

Во репортажата што ја реализираше оваа телевизија покрај барателите на азил на државјани од Сирија, во овој центар има и одреден број на државијани на други земји од блискиот исток, но нивната бројка кои бараат азил е многу помала.

Албанските медиуми наведуват дека за разлика од бегалците од неведените земји, кои се сместени во националниот центар за азиланти , засолнувањето на 3 илјади Муџахедини од Иран има либерален караткер и поголемиот дел од нив работаат и живеат во приватни станови.

ВО ТРЕНД