Поставен асфалт и нов водовод на улица „Бигла“

Проблем на жителите на улицата „Бигла“ е решен и тие нема да се движат по кал и прашина, колите нема да ги уништуваат од ударните дупки и добија осветлена улица, соопштуваат од општина Центар.

По 50-тина години, поставен е нова водоводна мрежа со нови приклучоци и 800 м2 нов асфалт, како и нови канделабри со лед диоди.

Граѓаните му раскажале на градоначалникот Саша Богдановиќ, кој беше да види како се одвиваат работите, дека пред 5 години сами си поставиле канализациска мрежа, но останал тампонот и бетонот од времето на Тито. Нивните родители во минатиот век, во 1979 година, со писмо до Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на општина „Центар“, апелираат и потсетуваат да им се среди улицата, бидејќи недозволиво е да голтаат прашина среде Скопје.

Улицата „Бигла“,се наоѓа спроти Клинички центар.