Српски дипломат тврди дека за нападите во Сирија биле известени, се знаеле и метите

Српски дипломат во амбасадата во Сирија изјави дека нападот кој што вчера го изведоа САД, Велика Британија и Франција не ги исплашил бидејќи бил очекуван.

Милан Вијатовиќ изјави дека нападот бил очекуван и оти за тоа биле предупредени.

„Нападот беше очекуван. Се знаеја и времето и метите. Тие податоци беа поделени на дипломатскиот кор, а ние врз основа на искуствата од Југославија, знаевме дека ќе бидат гаѓани воени цели, пред се тие кои што се поврзуваат со хемиското оружје и воени аеродроми“, изјави тој.

Вијатовиќ тврди дека Сирија не располага со хемиско оружје и дека по потпишувањето на договорот во 2013 година, земјата ги уништила сите фабрики за производство, а вооружувањето и супстанците се предадени.

„Официјалните лица тоа го потврдија неколку пати, исто како и колегите од другите земји“, истакнува Вијатовиќ.