Битолските студенти ќе протестираат против промената на името и двојазичноста во Македонија

На плоштадот Магнолија во Битола, денес во 18 часот, ќе се оддржи студентки протест против промената на името и, како што велат организаторите „Млади за Македонија“, против претворањето на земјата во двојазична држава.

„Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да го сменат своето име и идентитетот. Исто така, студентите се бунтуваат и против незаконското и насилно воведување втор јазик на целата територија на државата. Протестот е мултиетнички и ќе бидат присутни и припадници на помалите етнички заедници, кои се чувствуваат дискриминирани од воведувањето втор службен јазик на целата територија на државата“, се наведува во соопштението на „Млади за Македонија“.

промо

промо

Оттаму се додавава дека иако не во голем број, битолските студенти ја имаат поддршката и од дел од студените од албанска националност, кои сметаат дека нема потреба албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Штип, Радовиш, Делчево и другите градови каде што не живеат припадници на оваа етничка заедница.

Студентите нагласуваат дека протестот е исклучиво непартиски и зад него не стои ниту една политичка партија. Организатори на протестите се студентите од сите универзитети од Македонија кои настапуваат под паролата „Млади за Македонија“.

Во тренд…