Димитров на годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балакнот во Белград

Во текот на денешниот ден министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе се обрати како главен говорник на регионалната конференција организирана по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот, што се одржува во Белград.

Главна мисија на оваа организација е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од регионот, како и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.

За време на настанот предвидено е министерот Димитров да оствари неколку билатерални средби со реномирани учесници на конференцијата.

Во тренд…