Изминатиот викенд во Скопје 23 сообраќајни несреќи, еден загинат и 20 повредени

0 Shares

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје се случиле 23 сообраќајни незгоди, од кои една сообраќајна незгода со смртни последици, две со тешки телесни повреди, 11 со лесни телесни повреди и девет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице (мотоциклист) го загубило животот, две лица добиле тешки телесни повреди, а 18 лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 65 возачи, од кои: четворица поради тоа што возеле под дејство на алкохол, 51 возач управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило, а десетмина затоа што биле возачи почетници.

Исто така, санкционирани се и 41 возач бидејќи управувале нерегистрирани возила, 18 поради поминување крстосница на црвено светло, потоа двајца возачи поради недавање првенство на минување пешаци, шестмина возачи се санкционирани за неправилно престројување и 18 возачи на мотор, мопед и мотоцикл поради некористење заштитен шлем. Покрај ова, санкционирани се и двајца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а четворица пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот викенд издадени се 297 мандатни платни налози, а 129 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

0 Shares