Нема договор за една изборна единица

Владејачкото мнозинство е за една изборна единица, ДУИ бара три изборни единици, додека пак ВМРО-ДПМНЕ бара да остане по старо, односно со шест изборни единици, брифираат извори за Макфакс.

Компромисот најверојатно ќе се најде со праг од 3 проценти за влез во парламентот, велат извори за Макфакс. Со овој изборен метод, се очекува да се елиминира можноста радикалните левици и десници да не влезат во собранието.

Виктор Јованов(Makfax)