Пратеникот Зекири ќе сведочи за обидот за убиство на Села

Во Кривичниот суд продолжува судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, за време на упадот во Собранието на 27-ми април минатата година. На денешното рочиште судот ќе сослушува сведоци, а меѓу нив е и пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири.

На последното судење беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски.

Во случајот обвинети се Кире и Цео Ѓорѓиевски, Оливер Ошаковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски-Кобра. Тие се изјаснија за невини. Рекоа дека го разбираат обвинението, но дека не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат.

ВО ТРЕНД