(Видео) САД објавија снимка од нападот на Сирија

САД објавија снимка од нападите во Сирија извршени од страна на американските, британските и француските сили во саботата.

На 14 април американското Министерство за одбрана објави видео што го прикажува бродот „УСС Монтереј“, вооружен со проектили, при спроведувањето на нападот врз Сирија од Арапското Море, објавија светските медиуми.

Портпаролката на Пентагон рече дека сите цели биле погодени и мисијата била успешна. Сирија и Русија, пак, објавија дека повеќето од упатените ракети од западните сојуници биле соборени.