Trending
- Селаните слушнале дека во близина се крие голема змија, а потоа извлекле вистинско чудовиште (Видео)
- Синоптичарите излегоа со најнова прогноза: Еве што ќе се случува со времето
- Еве како Титовата полиција знаела со кого си има работа: Само со еден поглед на вашата стара лична карта
- Го паркирал својот автомобил во гаража, а потоа упаднале тројца разбојници да го ограбат. Подобро да не го стореле тоа!
- Сите сме слушнале дека оваа фигура носи среќа и пари , но никој не ви го кажал ова
- Вдомиле куче, а потоа забележале дека ноќе не спие: Причината им ги скршила срцата!
- Видео: Неочекувано невреме – автопатите затворени, а возачите заробени во возилата
- Вечерва се огласи министерот за внатрешни Оливер Спасовски – еве што порача на фејсбук
- Дилер на дрога влегол во полициско возило, наместо во такси – еве што го снашло
- Невреме ја зафати Македонија
Во Кривичниот суд, денеска ќе продолжи судењето за предметот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев за барање поткуп во времето кога бил струмички градоначалник. Денеска се очекува да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ), со што се почна минатата недела, без присуство на јавноста во судницата.
Снимките ги обезбедил струмичкиот бизнисмен, Иван Николов Сачевалиев, од кои еден дел јавноста можеше да види на платформата „Јутјуб“. Премиерот Заев по завршувањето на минатото рочиште рече дека со слушањето на разговорите ќе се продолжат денеска и оти тоа ќе трае се додека не се преслушаат сите, по што ќе се продолжи со останатата доказна постапка.
Адвокатите на Заев побараа исказот на сведокот Иван Николов Сачевалиев од претходното рочиште да не биде прифатен како доказ во постапката. Тие сметаат дека судската постапка не може да се базира на неговиот исказ бидејќи, како што рекоа, тој бил агент провокатор, односно бил инструиран да бара поткуп. За ова барање Судечкиот совет најави дека дополнително ќе се изјасни.
Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.
(Makfax)