Тежок инцидент го потресе Скопје – каменуван автобус полн со кошаркари

Каменуван автобусот на познатиот кошаркарски клуб.

На 16.04.2018 година во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“ од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици, во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“-Скопје, а се враќале од натпревар од Гостивар.

промо

промо

Нема повредени лица, причинета е само материјална штета.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во тренд…