Тежок инцидент во познат скопски ресторан

Ноќта меѓу 15 и 16 април било пријавено дека во угостителски објект на улицата Христо Татарчев во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.Ј.Т. (46) и К.Г. (22), вработени во ресторанот.

Тие имале несогласување за секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се туркаат, при што К.Г. добила видливи повреди.

По целосното документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

(Макфакс)