Утре без струја делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ известија дека поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Планирани се исклучувања во електросистемот во периодот од 10 до 12 часот за корисниците на дел од улицата Рилски конгрес во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9.30 до 14.30 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата Исаија Маџовски од бр. 1 до бр. 29 во општината Ѓорче Петров.