(Видео) Адвокатката на оштетените во „Монструм“: Здравјето на родителите е премногу нарушено

Адвокатката Дафинка Ивановска, која ги застапува родителите на убиените деца кај Смилковското Езеро, вели дека нивната здравствена состојба е премногу нарушена, но сепак се појавувале на рочиштата за случајот „Монструм“.

„Фамилиите шест години се наоѓаат во неизвесност. Шест години размислуваат зошто е тоа направено, кој го направи. Толку време помина, а истрагата не може да дојде со суштинска главна разрешница на работата. Сепак, не станува збор за политика, пари, градба на објекти. Станува збор за живот, нешто што не е повратно. Животите и здравјето на сите семејства се разнишани. Нивните живци се при крај. Од тој аспект барам најсериозно однесување и пристап. Што и да кажам, е премногу сè додека не се најдат вистинските сторители“, вели Ивановска кога рочиштето беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите.

Според Ивановска, не е важно пред судот да се донесе кое било лице, туку тоа треба да биде лицето што го извршило злосторството.(Makfax)