Eye Cue во Еден на Еден: „Отовори го пенџерчето“ би поминала топ на Евровизија

Прашајте било кој роден во новиот милениум и веднаш ќе ви каже кои Марко Марковиќ – GP и Стефан Рашковиќ – Steffonator. Најпознатите македонски јутубери, неделава во „Еден на Еден“ зборуваа за новата „Јутјуб“ култура, која се повеќе зема замав во Македонија. Нивните видеа секојдневно ги следат илјадници фанови, а на нивните таканаречени „митапи“ доаѓаат стотици деца.

– Мојот бербер само што ми кажа дека многу дечиња му доаѓаат и му велат – истрижи ме како GP – вели популарниот јутубер.

Покрај GP и Steffonator во новата епизода на „Еден на Еден“ гостуваа и овогодинешните евровизиски претставници Eye Cue, кои открија дека нивната песна скоро едногласно била избрана на конкурсот на кој биле пријавени повеќе од 380 песни.

– Мислам дека имаме одлична евровизиска песна. Од сите македонски песни досега, пак, мислам дека „Отовори го пенџерчето“ би поминала топ на Евровизија – вели Бојан Tрајковски од дуото Eye Cue.

Жаре ја испроба и новата македонска видеоигра Frantics, која е направена во соработка со „Сони“.

Во недела од 18:50 часот на Канал 5, пак, во новата Еден на Еден гостува Иван Босиљчиќ.