Тажна вест: Почина познатата македонска првенка на МОБ

Почина Павлина Апостолова-Богданова (1927-2018), првенка на Македонската опера и балет и една од основоположниците на Македонската опера и балет.

Првенката на Македонската опера Павлина Апостолова, беше една од првата генерација оперски уметници кои ќе бидат запишани со златни букви во македонската музичка историја и воопшто, во македонската музичка култура. Таа е претставник на генерацијата, која со огромна љубов и ентузијазам, целосно ќе се посвети на создавањето на најголемата културна институција во Македонија.

По повод смртта на Павлина Апостолова, во понеделик, 23 април во 10 часот, на големата сцена во Македонската опера и балет ќе биде одржана комеморација, информираат од МОБ.