Столтенберг: НАТО не планира да го засили военото присуство во балтичките држави

0 Shares
НАТО нема намера да го засили военото присуство во балтичките држави кои бараат поголема заштита од соседна Русија, изјави денеска во Хаг генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Засега не планираме да го засилиме военото присуство во (балтичкиот) регионот, но она што планираме е да ги консолидираме капацитетите и ако биде потребно да ги засилиме“, рекол Столтенберг, по средбата со холандскиот премиер Марк Рут.
Балтичките земји – Естонија, Латвија и Литванија побараа поголемо воено присуство поради стравување од руски закани. Ова прашање ќе се најде на дневен ред на самитот на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел.
0 Shares