Вооружена драма ја потресе Македонија: Му го попречиле патот и му впериле пиштол, има приведени

На 19.04.2018 година околу 16,00 часот во село Мерово, тетовско Д.Ј.(43) од Тетово, додека со товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки се движел од село Мерово кон регионалниот пат Тетово-Желино, три непознати лица му го препречиле патот. Д.Ј. застанал со возилото, по што едно од лицата вперилo пиштол кон него. Д.Ј. го стартувал товарното моторно возило и го напуштил местото на настанот.

По преземените мерки и активности констатирано е дека сторители се А.Д.(18) и уште две лица на возраст од 16 години сите од село Ново Село, тетовско.

При преглед на едно од лицата пронајден е гасен пиштол.

Две од лицата се приведени. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот по што ќе бидат поденесени соодветни пријави.