Пукање во Тетово

На 24.04.2018 година во 20,55 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово  С.Г. (77) од с.Брвеница се пожалил против неговиот син М.Г. (53) дека бил под дејство на алкохол и го вознемирувал.

Во разговорот С.Г. кажал дека околу 20,40 часот, додека тој и неговиот син седеле заедно и конзумирале алкохол, во еден момент настанала меѓусебна расправија и тој ја зел својата ловна пушка (која ја поседувал со одобрение) по што испукал два патрона во плафонот. С.Г. и М.Г. биле приведени во Полициска станица каде било констатирано дека двајцата биле под дејство на алкохол и истите биле задржани до нивно отрезнување.

Со потврда за привремено одземени предмети од С.Г. била одземена ловната пушка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, и се работи на целосно расчистување на случајот.