Страшна несреќа во Прилеп – има повредени

0 Shares

На 24.04.2018 година во 16,00 часот во Прилеп на улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.В. (58) од с.Заполжани и патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистерски таблици управувано од А.М.(25) од Прилеп.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош В.В. бил пренесен во Општата Болница во Прилеп, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

0 Shares