Дилер на дрога влегол во полициско возило, наместо во такси – еве што го снашло

0 Shares

Дански трговец со дрога кој имал 1.000 цигари марихуана по грешка влегол во полициско возило наместо во такси, соопшти полицијата во Копенхаген.

– Еден продавач на хашиш од областа Кристијанија, во брзање да стигне дома влезе во полициско возило мислејќи дека е такси. Многу се изненади кога увиде каде всушност влегол, наведува полицијата.

Кристијанија е либерална област во Копенхаген која во 70-тите години беше главен пазар за канабис.

Полицијата веднаш уапсила дилерот кога ја пронашла дрогата.

0 Shares