Невреме ја зафати Македонија

Доцна попладнево во источниот дел на Македонија имаше невреме проследено со пороен дожд и грмежи, претежно во планинсиските места,

Од градовите пороен дожд и грмежи имаше во околината на Крива Паланка, Берово и на Кратово. Потоа нестабилноста се прошири и кон Прилепско, Крушевско, во околината на Тиквешкото Езеро и Јакупица.

Во вечерните часови ќе биде малку до умерено облачно, а на места сè уште ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Во текот на ноќта облачноста ќе се намали.