Соња Стојменска Елзесер избрана за нов претседател на ДПМ

Соња Стојменска Елзесер е новиот претседател на Друштвото на писaтели на Македонија.  Таа денеска на Собрание на оваа асоцијација доби поддршка од 74 членови на ДПМ. Против кандидат и беше Оливера Доцевска, која доби поддршка од 13 членови.

Стојменска Елзесер е есеист, критичар и книжевен научник, доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа ќе го води Друштвото на писатели на Македонија во наредните четири години.

Новата претседателка доаѓа на местото на досегашниот престседател Веле Смилевски. Друштвото на писателите на Македонија годинава одбележува 71 година од своето формирање. Негов прв претседател беше Блаже Конески.

ВО ТРЕНД