Полицијата откри што е украдено од станот на Лила Филиповска

Во Полициската станица Бит Пазар, 47-годишната Л.С. пријавила дека на 01. мај во времето од 13.30 до 18.05 часот во нејзиниот стан на улицата “Џон Кенеди” од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба при што е одземен лап топ, 200 евра, разновиден златен накит и накит “Сваровски”.

Сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и ги одзел наведените предмети, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противравна имотна корсит од околу 300.000 денари.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.