Запленета марихуана во чајџилница во Гостивар

0 Shares

Две лица се лишени од слобода, кога во угостителски објект во Гостивар биле пронајдени три големи пакувања со марихуана.

Објектот под закуп го користел 55-годишниот Д.А. , кој заедно со 23-годишниот С.Х. се лишени од слобода по претресот во чајџилницата.

Дрогата е дадена за вештачење, се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

0 Shares