Лицето покажува што најмногу му смета на телото: Шеќер, глутен, млеко или вино

0 Shares

Др Нигма Талиб открива интересни податоци за тоа колку вашето лице е огледало на здравјето. Постојат четири типа лица и нивни нуспојави.

Дали вашето тело има отпор на глутен, млеко, шеќер, алкохол? Вашето лице може лесно да открие.

1. Винско лице – Го карактеризираат изразени линии, масти помеѓу двете веѓи, линии под очите, ронлива кожа на образите, црвенкаста кожа на лицето…

Алкохолот предизвикува дехидрација на кожата, каде телото губи вода, го оптоварува црниот дроб и доведува до обесена кожа. Редовното консумирање алкохол доведува и до пореметување на цревната флора.

(Фото: Дејли Мејл)

Ако сакате спас, направете пауза од три недели, а потоа можете да пиете алкохол 20 отсто од деновите, додека 80 отсто треба да апстинирате.

2. Глутенско лице – Тука се забележуваат отечени образи, надуеност, акни на брадата. Препорака – избегнувајте глутен.

3. Млечно лице – Симптомите се отечени очи, кругови под нив, акни на лицето, брадата и бледи образи. Ако се чувствувате отечено, се препорачува откажување од млечни производи на одреден период, додека лицето не ви се опорави, а потоа побарајте совет од нутриционисти, пишува Дејли Мејл.

4. Шеќерно лице – Лицата кои јадат многу шеќер имаат брчки на челото, вреќички околу очите, сивкаст тен.

0 Shares