Трагедија за големиот празник: Тргнале на слава, го изгубија синчето

0 Shares

Голема трагедија во Србија, се случила четвртокот, кога семејство кое тргнало да оди на слава направило сообраќајка, при што во несреќата загинало нивното дванаесет годишно дете.

Имено во автомобилот се наоѓало четиричленото семејство меѓу кои родителите Светозар и Весна, како и двете деца.

Во несреќата смртно настрадал 12 годишниот Душан, додека мајката и таткото поминале со полесни повреди, но другото синче завршило со тешки повреди во локалната клиника.

Првичните неофицијални информации велат дека семејството тргнало на слава, каде требало да го прослават големиот празник Ѓурговден, но несреќата ги попречила.

0 Shares