„Твитер“ ги советува корисниците да си ја променат лозинката

Една од најпопуларните социјални мрежи „Твитер“ пронајде грешка во начинот на кој ги чува лозинките, па затоа им советува на своите корисници да ја променат лозинката.

Компанијата не верува дека лозинките излегле надвор од системот и некој го злоупотребил, но сепак им препорачува на корисниците да направат промена.

Во образложението се вели дека бил пронајден „баг“ во системоте.

„Сами ја пронајдовме грешката и го решивме проблемот. Во моментот работиме на тоа никогаш повеќе да не се повтори ваква грешка“, наведоа од „Твитер“.