Крадецот што ја ограби Лила Стојановска ја откри нејзината доброчувана тајна

0 Shares

ТВ водителката Лила Стојановска беше деновиве беше ограбена, а според полицискиот билтен од нејзиниот дом крадците одзеле предмети вредни околу 5000 евра.

Во нејзиниот дом на улицата ,,Џон Кенеди’’ во Скопје, во тек на денот непознат сторител извршил тешка кражба, при што ја оштетил водителката за околу 5.000 евра.

Како што информираат од МВР, сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил вратата на станот на Стојановска и одзел лап топ, 200 евра, златен и Сваровски накит.

Во билтенот на МВР, согласно практиките за ваквите настани кои се наведуваат во секојдневниот извадок на дневниот билтен за настани случени претходниот ден, е наведена и возраста на Лила.

Лила, иако е присутна веќе дваесетина години на македонската медиумска сцена речиси секогаш не откриваше колку години таа има, а нејзиниот изглед секогаш наведуваше на тоа дека таа има меѓу 35 и 40 години.

Сепак, долгочуваната тајна е откриена, па во билтенот е наведено дека познатата дама на македонската медиумска сцена има 47 години.

 

0 Shares