Нов терористички напад – многу починати

0 Shares

Возило со кое група продавачи оделе на пазар, денеска налета на бомба на патот во северната авганистанска провинција, Фарјаб, при што загинаа седум лица.

Портпаролот на полицијата соопшти дека едно лице се здобило со повреди.

До експлозијата дошло во подрачје во кое се активни Талибанците и огранок на „Исламската држава“.

Во источната провинција, Пактиј, при напад со автомобил-бомба синоќа беа убиени две лица и повредени тројца. Медиумите пишуваа дека мета на нападот бил локален функционер, а одговорноста за овој напад ја презедоа Талибанците.

0 Shares