Скинете го салото: Овој сок согорува 50 отсто од масните наслаги околу стомакот

0 Shares

Според студијата објавена во магазинот „Nutrition“, една чаша сок од домати може драстично да го намали вашиот обем на стомакот – без никакви други промени во исхраната.

Истражувачите пронашле дека жените кои консумирале 280 мл од овој вегански пијалак секој ден изгубиле 50 отсто од масните наслаги за само осум недели.

Исто така, повеќето дами изгубиле повеќе од половина килограм телесна тежина, а овој вкусен пијалак исто така го регулирал нивото на холестерол.

Како сокот од домати помага при губењето на килограмите?

Овој сок содржи високо ниво на ликопен – антиоксиданс кој ја зголемува продукцијата на метаболички хормон адипонектин за дури 25 отсто.

Нутриционистката Шон Вилкинсон објаснила зошто доматот е толку добар за намалување на телесната тежина.

„Доматот содржи многу малку калории и јаглехидрати, како и висока содржина вода. Исто така има многу малку шеќер, па е одлична алтернатива за овошните сокови“.

Нутриционистката открива дека воедно овој сок го намалува апетитот:

„Како и другите зеленчуци и овошја, доматите и сокот од домати исто така пружаат природни минерали и витамини потребни за телото, помагаат при претварање на храната во енергија и го забрзуваат метаболизмот“.

Сепак, покрај воведувањето на оваа напивка морате да обратите внимание на исхраната.

„Ако само во својата исхрана додадете домат или сок од домати, ако се храните нездраво или внесувате многу калории, нема да почувствувате резултати.

Во своето дневно мени морате да вклучите намирници од сите групи, со доста зеленчук и протеини, и елиминирајте ја преработената храна“, истакнува таа.

0 Shares