Делови од неколку скопски општини утре без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат неколку делови од Скопје.
Имено, од 8.20 до 13 часот без елетрична енерија ќе бидат корисниците од дел од улицата Македонско-косовска бригада и дел од улицата Втора македонска бригада во општина Чаир. Од 9 до 11 часот прекин во електричната енергија ќе има и на улицата Антон Попов, во зградите број 148 и 161 во општината Гази Баба.
Без струја од 9 до 13 часот ќе биидат сите стопански и нестопански објекти што се во склоп на поранешната фабрика за стакло – „Стакларница Скопје“ во општината Кисела Вода, а до 15 часот и корисниците на улицата Волгоградска бр. 1, 2, 3 и 4 во општина Карпош.
Во периодот од 12 до 15 часот корисниците од улиците Чаирска, Виргино и 7. Албанска бригада во општина Чаир ќе имаат прекин во електричната енергија, соопшти ЕВН.