Упаднале во напуштена куќа на бизнисмен и откриле неверојатни работи, а кога влегле во купатилото… (Видео)

0 Shares

Италијански бизнисмен ветил дека ќе вложи 10 милиони евра како би го реновирал овој имот. Меѓутоа, ветувањето не било исполнето и тој ја напуштил оваа неверојатна градба…

Тим истражувачи одлучил да истражи напуштена италијанска вила која вреди 10 милиони долари.

Изградена е 1877 година, а потоа сопствениците ја напуштиле куќата 1930 година. Од тој момент до денес вилата менувала сопственици, а многу тајни останале неразјаснети.

Дури и била окупирана за време на Втората светска војна, а потоа продадена на еден лекар на крајот од војната.

Потоа, 2004 година е продадена на еден италијански бизнисмен кој ветил дека ќе вложи 10 милиони долари за да го реновира овој имот. Меѓутоа, ветувањето не било исполнето и тој ја напуштил оваа неверојатна градба.

Следел шок

Додека ги истражувале просториите наишле на таен бар во кој сè било прекриено со пајажина. Во подрумот имало голем број шишиња со вино, па овие момци претпоставиле дека сопствениците ги продавале и вршеле трговија од оваа куќа.

Исто така, забележале и камин од кој огнот оставил траги на ѕидовите.

Продолжиле по ходниците и налетале на преграда направена од решетки, што малку ги исплашило бидејќи не е секојдневна глетка во нечиј дом.

За историјата на оваа градба сведочат и плафонот, столбовите како и чудните скулптури, сè деува нереално. За жал, сè е уништено, но и покрај тоа, делува како сценографија од некој филм.

Луѓето влегувале во оваа куќа и намерно рушеле и фрлале работи. А се претпоставува дека меѓу мебелот имало доста скапи и вредни работи, како и уметнички слики.

Во купатилото се наоѓаат мистериозни точки на ѕидовите кои делуваат како оптичка илузија. Но, од сè останале само делови кои вандали ги расфрлале низ куќата…

0 Shares