Чудовишен бран: Најголем некогаш забележан

Научници од Нов Зеланд го документирале најголемиот бран некогаш измерен на јужната хемисфера.

Бранот со висина од 23,8 метри е измерен во Јужниот океан во вторникот, 8 мај, во близина на островот Кембел, соопшти државната метеоролошка служба.

Со тоа е соборен рекордот на бран од 22,3 метри кој е измерен јужно од австралиската држава Тасманија 2012 година.

Ова подрачје на Јужниот океан е познато по честите бури.