Еве какво време не очекува наредниве денови

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

Утре ќе има поретка појава на пороен дожд со грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.

Утре ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи.

Вредноста на УВ индексто ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 17 до 28 степени Целзиусови.