Италијанските истражувачи развиваат нова, поефикасна роботизирана рака

Италијанските истражувачи развиваат нова роботизирана рака која ќе им овозможи на корисниците попрецизно да фаќаат и држат предмети. Притоа, нијзиниот дизајн и материјалите од кои е изработена овозможуваат значително да се намали нејзината цена.

Како што објаснуваат истражувачите, новата роботска рака има поедноставен механички дизајн во споредба со другите такви производи, со сензори кои реагираат на електронски сигнал од мускулите, пренесоа светските новински агенции.

Новата рака има само еден мотор, кој ги контролира сите пет прсти, што ја прави многу полесна, поевтина и способна да се прилагоди на обликот на предметите.

Оваа роботизирана рака е развиена од Италијанскиот институт за технологија и центарот INAIL, кои планираат следната година да ја понудат на европскиот пазар по цена од околу 10 000 евра – што е за 30 проценти пониско од актуелните пазарни цени.

ВО ТРЕНД