Купил автомобил и во него нашол писмо: Кога го прочитал, веднаш го вратил возилото на претходниот сопственик

0 Shares

Кевин Дјук избрал автомобил за својата ќерка, која за некој ден треба да наполни 16 години. Како и секој татко, најважно му било автомобилот да биде безбеден.

Меѓутоа, кога ја отворил преградата кај совозачкото место, нашол едно писмо.

Писмото било адресирано за „новиот сопственик на автомобилот“. Кевин истиот момент го отворил и прочитал нешто неочекувано.

Писмото го напишала жена, која неодамна ги изгубила трите најважни лица во својот живот: шестгодишната ќерка, мајката и тетката, загинале во пожар. Бидејќи морала да плати три погреби, била приморана да го продаде автомобилот.

– Инаку, нејзиното име е Силвија. Првиот ден кога се возевме, на радио ја слушнавме песната „Мајката на Силвија“. Името ми остана во глава, па така го нарековме автомобилот. Ве молам, задржете го ова име. Ако некогаш сакате да ја продадете Силвија, ве молам, повикајте ме. Платив три погреби, па моментално немам за автомобил. Меѓутоа, се надевам дека наскоро ќе бидам во подобра финансикса ситуација па ќе можам да го откупам, напишала претходната сопственика.

Овие зборови го погодиле Кевин. Разговарал со својата ќерка и се договориле да заштедат пари за друг автомобил, а овој да и го вратат на несреќната жена, како спомен на семејството кое го изгубила.

0 Shares