Одвел деца бездомници во ресторан да ги нахрани, а потоа сметката го оставила без текст

Оваа трогателна приказна ни доаѓа од Индија, од хотелот Сабрина во градот Малапурам.

Акилеш Кумар седел покрај прозорот во ресторанот на хотелот и ручал, а додека го јадел својот скап оброк, забележал слабо и изгладнето момче како стои на улица.

Акилеш му дал сигнал на момчето да дојде во ресторанот.

По неколку минути, момчето влегло во ресторанот заедно со својата сестра која ја држело за рака.

Тој ги прашал што сакаат за јадење, а тие срамежливо покажале кон неговата чинија и рекле дека сакаат да го јадат истото.

Кога завршиле со јадењето, Кумар го повикал келнерот да ја донесе сметката…

Но, кога келнерот ја донел сметката Кумар останал без текст кога видел што пишува на неа. Тука стоела една голема нула, а под неа пишувало:

„Не постои каса која би можела да ја наплати големата хуманост. Ви посакуваме се најдобро…“