(Видео) Гепарди заканувачки тргнаа кон мајка и дете кои шетаа во забранета зона на сафари-парк

0 Shares

Посетата на сафари-парк е неверојатно туристичко искуство кое вреди да се доживее. Сепак, постојат одредени правила што луѓето треба да ги почитуваат кога станува збор за посета на такво место. Имено, во ваквите паркови живеат животни со различен темперамент, па дури и убиствен инстинкт, па затоа важно е туристите да не ги напуштаат своите возила.

Тие можат слободно да се возат низ целиот парк и да ги гледаат животните, но поради нивната безбедност, не е препорачливо да го напуштат возилото. Дивите ѕверови можат да нападнат непредвидливо и во секој момент, при што луѓето би биле немоќни да се одбранат.

Сепак, се чини дека семејството прикажано на снимката не го разбрало најдобро концептот на сафари-парк, па решиле да пешачат по одредени делови од истиот.

За да биде ситуацијата уште полоша, со нив имаа и мало дете. Во еден момент ситуацијата стана критична кога неколку гепарди заканувачки се упатија кон семејството, додека жената го држеше детето во раце. Меѓутоа, тие успеаја навреме да влезат во автомобилот кој беше во близина, па беше избегнат посериозен инцидент.

0 Shares