Заев присуствуваше на отворање хотел во Тетово

0 Shares

Премиерот Зоран Заев вчера присуствуваше на отворање на хотел во Тетово. Во соопштението од Владата е наведено дека Заев на настанот изјавил дека новите инвестиции се нова вредност во економијата и потврда дека деловната клима е стабилна.

„На мое огромно задоволство, денеска присуствувам на свеченото отворање на хотелот ‘Меркур’. Вашата инвестиција создава услови и отвора потенцијал градот Тетово да прерасне во атрактивна дестинација препознатлива на регионалната и европска туристичката мапа. Новите инвестиции се нова вредност во економијата. Вашата инвестиција претставува нова вредност за градот Тетово и за Република Македонија“, изјавил Заев, се наведува во соопштението.

Ова е потврда, додал тој, дека деловната клима се стабилизира и се отвораат сè повеќе шанси и можности за нови инвестиции.

0 Shares