Момците од „Театро Бенд“ ја преснимија „Малечка“ на Тоше

Музичкиот состав Театро Бенд ја претстави својата преработка на песната „Малечка“ од Тоше Проески, а со неа ја најавуваат првата студиска песна која јавноста ќе може да ја слушне многу наскоро.

Новиот аранжман на „Малечка“ го направи Маријан Стојменов – Ѕика, додека видеото се снимаше во Буре Бар во Кочани, по идеја на Димитар Апостолов.

Освен снимањето на новата песна, момците од Театро Бенд периодов се ангажирани со настапи во клубовите и локалите ширум целата земја.