Мислела дека купила куче, но по две години сфатила дека направила голема грешка

0 Shares

Жена од Кина била шокирана кога дознала дека кучето што го вдомила пред две години е всушност црна мечка.

Таа го купила животното сметајќи дека станува збор за тибетски мастиф, но кога дознала дека чува мечка одлучила да ја однесе во Центарот за згрижување диви животни каде ќе ѝ биде пружена соодветна нега.

„Дневно јадеше полна кутија со овошје и две пакетчиња тестенини“, раскажа жената.

Ветеринарите заклучиле дека здравјето на животното е добро. Црната мечка е заштитен вид во Кина.

0 Shares