Нов спот на Здраво Чолиќ – „TEBE ČUVAM ZA KRAJ”

Новиот спот за песната „TEBE ČUVAM ZA KRAJ ” на Здравко Чолиќ, која веќе е радиски хит во регионот, можете да го погледнете на YouTube каналот на Здравко Чолиќ.

Спотот е сниман во Лисабон, еден од најубавите поморски градови во Европа. Уживајќи во прекрасниот амбиент кој совршено ја отсликува музичката тема на песната “Tebe čuvam za kraj”, чиј текст и музика се на Мирослав Рус, а режисер на спотот Александар Керкеш Кеки.

Имав идеја спотот да се сними во Лисабон, со обзир на музиката, па затоа режисерот и јас размислувавме за тоа. Жанрот на песната е таков…една врста на салса, асоцира малку на фадо и латино музика, португал, полу бразилијано…и затоа конечниот избор падна на Лисабон – ни открива Чолиќ.

Чолиќ доби улога на фотограф, кој лутајќи по романтичните улици на португалската престолнина и прекрасната обала на Атлантскиот океан прави колаж од најразлични фотографии.
Здравко на сликовит начин на крајот на спотот води до финална слика и ја открива жената која ја чува за крај.

Прекрасно е чувството што Чолич ја пее мојата песна. Како мал многу го сакав собирањето на сликички, па тоа го пренесов во музика. Годините го направија своето, ми недостасуваше само Здравко Чолиќ. Ете така настана песната „Tebe čuvam za kraj“ – открива авторот на песната Мирослав Рус, за која аранжманот го потпишува Никша Братош.

Ова е четврта екранизација на песна од новиот албум “Ono malo sreće”, првото заедничко регионално издание на двете најголеми издавачки куќи PGP RTS i CROATIA RECORDS.

https://www.youtube.com/watch?v=dXzGboF2rps