Трагедија го потресе Охрид

Мртво тело било извлечено од водите на Охридското Езеро, помеѓу селото Подмоље, охридско и местото викано „Оровничка плажа“. Телото било пронајдено вчера околу 10 часот, на неколку метри од брегот.

По извршениот увид, полицијата утврдила дека се работи за Б.Ј. (54) од село Куратица, охридско.

По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.