Возачите огорчени: На домашните адреси им стигнале високи казни

0 Shares

Сообраќајните казни се фрустрирачки, особено кога ќе дојдат изненадно и со закаснување од неколку години.

Токму тоа им се случило на бројни возачи од Австрија кои летувале во Хрватска.

Австриските возачи во своите поштенски сандачиња пронаоѓале коверт со картичка за погрешно пакирање. Во ковертот се наоѓало и барање за уплата на значителен износ за казна – до 200 евра!

Дека не се работи за измама проверил и австрискиот весник Heute, кој пишува дека тужбите се легални.

Тужителите од Хрватска во Австрија ги застапува адвокат Мирко Силво Тишлер, кој ги испраќа казните. Со барање за уплата, Тишлер испаќа и фотографија од погрешно паркирано возило, а писмото завршува со „европски поздрав“.

Тишлер е адвокат регистриран во Словенија, ја „покрива“ и Австрија, а најчесто испраќа казни за непрописно паркирање во хрватските туристички места.

Колку Австријци добиле писмо од Тишлер не е јасно, а се проценува дека станува збор за бројка помеѓу 15.000 и 20.000 возачи.

Од друга страна адвокатот вели дека станува збор за „неколку стотици случаи“ и објаснува дека износот е повисок бидејќи на казните се додаваат административни такси и адвокатски трошоци.

0 Shares