Дали Богдановиќ има план за отпадот во Центар, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет Центар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Центар се гуши во отпад. Од таму го прашуваат градоначалникот на општинта дали има план како да се справи со, како што велат, купиштата отпад на секој чекор?

„Купишта ѓубре, кучиња скитници, добиток, дупки по улиците е уште еден доказ за негрижата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Животот кој го ветуваше Богдановиќ никако да стигне до граѓаните. Од ветувањата за зелени оази, редовно собирање на ѓубрето, чисти улици јавноста не може да види апсолутно ништо. Наместо Центар да тежнее и да се развива во една модерна и урбана средина сведоци сме на негрижа, пустош и диви депонии на секој чекор“, велат од ОК Центар ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го прашуваат Богдановиќ дали знае дека во летниот период можноста за зарази е повеќекратно зголемена и е директна опасност по здравјето на граѓаните?