Димитров ќе се обрати во холандскиот парламент

0 Shares

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе обрати пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија, во рамки на неговата посета во земјата.

Согласно агендата, Димитров ќе оставри средба со неговиот холандски колега, Стеф Блок, по што ќе има состаноци во министерството за одбрана и холандското МНР.

Вчера, Димитров се сретна со генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје, Ахмет Узумџу, пришто изрази целосна поддршка за работата на Oрганизацијата. Во рамки на посетата, Димитров се обрати и на реномираниот Холандски институт за меѓународни односи – Клингендал.

0 Shares